Вашите финансии во сигурни раце!

Една од најугледните банки во Европа, со долгогодишна традиција и голем углед!
Една од најугледните банки во Европа, со долгогодишна традиција и голем углед! Повеќе

Контакт

  • Тел: +389 76 346 702
  • Е-маил: office@24mall.mk
  • Адреса: бул. Партизански одреди бр. 4
  • Град: Скопје
Product Big image

Унапредете го вашиот бизнис со кредитниот пакет „Раст“

Бизнис кредит „Раст“

  • Достапност: Достапен
  • Код на продуктот:29
  • Банка:ЕВРО Банка

Кредитниот производ ЦКБ Бизнис-кредит - „Раст“ е наменет за финансирање инвестиции, купување недвижен имот, нова градба, реконструкција и проширување трговски, производствени и магацински простории за потребите на бизнисот, инвестирање во опрема и транспортни  средства, финансирање инвестициски проекти и набавка на нови производствени капацитети. Кредитот е наменет за мали и за средни претпријатија  не помлаку од 60.000 EUR (во денарска противредност) со приходи генерирани од основната дејност, кои работат успешно и реализирале позитивни финансиски резултати во претходната и во тековната година.

 

Вид на кредитот

Инвестициски кредит со амортизациски план

Намена  на кредитот

Финансирање инвестиции, набавка на опрема и транспортни средства.

Износ на кредитот

Минимален износ на кредитот 10 000 ЕУР или во денарска противредност;

Максимален износ на кредитот 1 000 000 EУР или во денарска противредност.

Сопствено учество во проектот

Не помалку од 20% од вредноста на инвестицијата

Рок на кредитот

Рокот на кредитот е до 120 месеци (10 години).

Грејс-период

Максимален грејс период за главнината по кредитот  - 24 месеци

Годишна каматна стапка

од 5,50% до 7,00% на годишно ниво

Каматната стапка зависи од рокот на кредит, кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и видот и квалитетот на понуденото обезбедување.

 Провизии и надоместоци

Провизиите и надоместоците се одредени во согласност со Одлуката за тарифи на Банката.

 Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користи комбинација од инструменти за обезбедување во согласност со интерните правила на Банката, и тоа: хипотека на недвижен имот од прв ред, залог на подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или девизни),  меница во форма на нотарски акт, меница од фирмата (меница) авалирана од сопственикот/сопствениците на фирмата и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

Нема коментари

Нема видео