Вашите финансии во сигурни раце!

Една од најугледните банки во Европа, со долгогодишна традиција и голем углед!
Една од најугледните банки во Европа, со долгогодишна традиција и голем углед! Повеќе

Контакт

  • Тел: +389 76 346 702
  • Е-маил: office@24mall.mk
  • Адреса: бул. Партизански одреди бр. 4
  • Град: Скопје
Product Big image

Кредитен пакет „Доверба“

Решение за вашите дилеми- Кредитен пакет „Доверба“

  • Достапност: Достапен
  • Код на продуктот:26
  • Банка:ЕВРО Банка

 Овој пакет е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката, вработени на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање.

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки  кредит (не повеќе од 32 нето месечни плати на клиентот), дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка (не повеќе од 10 нето месечни плати за картични продукти)

Максималниот одобрен износ на средства на пакетот не може да биде повисок од 1.200.000 МКД, 

Кредитниот пакет Доверба“ можете да го одберете доколку:

  • сте во редовен работен однос на неопределено време;
  • имате работен стаж во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;
  • сте вработен на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање;
  • рокот на достасување на кредитот плус возраста на барателот не е повисок од пензиската возраст согласно со законската регулатива на РМ (64 години за мажите и 62 години за жените);
  • при барање за кредит, месечниот приход на барателот (нето-износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, да не е понизок од износот на месечниот ануитет + 5.000 мкд по член од семејството
  • при барање за овердрафт или кредитна картичка месечниот приход (нето износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, не е понизок од 5.000 мкд + 10% од одобрениот износ на овердрафтот односно кредитниот лимит на кредитната картичка.

Нема коментари

Нема видео