Вашите финансии во сигурни раце!

Една од најугледните банки во Европа, со долгогодишна традиција и голем углед!
Една од најугледните банки во Европа, со долгогодишна традиција и голем углед! Повеќе

Контакт

  • Тел: +389 76 346 702
  • Е-маил: office@24mall.mk
  • Адреса: бул. Партизански одреди бр. 4
  • Град: Скопје
Product Big image

Mикро земјоделски кредит за унапредување на земјоделството

Микро земјоделски кредит

  • Достапност: Достапен
  • Код на продуктот:27
  • Банка:ЕВРО Банка

Кредитниот производ ЦКБ Микро земјоделски кредит е  наменет за клиенти дефинирани како индивидуални земјоделски производители и регистрирани правни лица – земјоделски производители со приходи генерирани од основната дејност до 50.000 EUR (во денарска противредност) . Кредитот е наменет за финансирање на плаќања поврзани со основната дејност (купување суровини, материјали, стоки, други краткорочни активи, плаќање тековни трошоци и др.).

 Вид на кредит

Стандарден кредит со амортизациски  план  приспособен на приходите од дејноста на кредитобарателот.

 

Намена  на кредитот

Обртни средства потребни за тековното работење на друштвото и инвестиции.

 

Износ на кредитот

Минимален износ на кредитот е 500 ЕУР или во денарска противредност;

Максимален износ на кредитот е 20 000 EУР или во денарска противредност.

 

Рок и начин на користување на кредитот

Кредит за обртни средства:

Рокот на кредитот е до 36 месеци.

Инвестициски кредит:

Рокот на кредитот е до 48 месеци.

 

Грејспериод

Максимален грејс-период за главнината по кредитот е до 6 месеци, во согласност со  дејноста на клиентот.

 

Годишна каматна стапка

од 6,00% до 8,00% на годишно ниво

Каматната стапка зависи од рокот на кредит, кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и видот и квалитетот на понуденото обезбедување.

 

 Провизии и надоместоци

Провизиите и надоместоците се одредени во согласност со Одлуката за тарифи на Банката.

 

Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користи комбинација од инструменти за обезбедување во согласност со интерните правила на Банката и тоа: хипотека на недвижен имот од прв ред, залог на подвжен имот,  гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или девизни),  меница во форма на нотарски акт, меница од фирмата (меница) авалирана од сопственикот/сопствениците на фирмата и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

 
 

 

Нема коментари

Нема видео