Поставување на продукти и услуги во вашиот онлајн шоп на Оnline Shooping Mall- 24mall.mk
Откако ќе се најавите со корисничкото име и лозинката, внесени при процесот на регистрирање и отварање на онлајн продавница, во хедерот на Оnline shooping mall-24mall.mk ќе ви се појави поле „Администрација“- со опцијата Внеси/Уредувај производи или услуги.

Преку овој дел ќе ги менувате веќе внесените продукти и ќе додавате нови производи.
1. Кликнете на опцијата Додади нов производ

2. Ги потполнувате деталите за прозиводот (категорија, име, достапна големина, достапна боja)

Важно: Автоматски големината е со букви

Ако сакате големината да биде со бројки го штиклирате делот Избери големина со број и ги штиклирате броевите што ги имате.

Ако имате различни бои од истиот продукт ги селектирате боите, а ако имате само една боја од продуктот, селектирате Достапна е само бојата прикажана на сликата.
3. Внесувате опис на продуктот

Кај туристички тури внесувате дестинација, датум, oпис и услови на аражманот


Кај кредити и осигурување внесувате назив, слоган и линк до формуларот за апликација

4. Внесувате цена, и ако имате попуст ја внесувате и цената на попустот.
Цената без попуст се прикажува вака:

Цената со попуст се прикажува вака:

Ако цената не е статична и зависи од повеќе фактори- тогаш полето за цена не го потполнувате,
5. Полињата: бренд, состав на материјалот, препорака за перење- не се задолжителни.

6. Прикачувате фотографии од продуктот. При прикачување на слика од продуктите ви се нудат две опции
-
Копирање на urlto во сликата и постирање во празното поле
-
Прикачување на слика од вашиот компјутер преку копчето Choose File

ВАЖНО: За успешно споделување на Фејсбук, во името на сликата што ја прикачувате не треба да има празно место туку сите букви да се споени.
7. После потполнувањето на полињата (не сите полиња се задолжителни) кликате на Додади

8. Продуктот ќе се покаже во листата, па е потребно да го активирате

9. Со клик врз измени , можете да правите измени врз веќе внесените продукти, а со клик врз избриши го бришете продуктот

Уредување на промоци и распродажба
Преку делот уредување на промоции и распродажба

Ги сместувате вашите продукти во делот ПОПУСТ којшто се наоѓа на 24mall.mk

1. За да додадете продукт во делот попуст и распродажба кликнете Уредувај промоции и распродажба, па кликнете на Додади

2. Ќе се отвори листа со сите ваши продукти, штиклирајте ги продуктите коишто се на попуст или промоција и кликнете на додади

3. Продуктите ќе се појават во листата на попуст и треба само да ги активирате

4. Со клик врз деактивирај или избриши ги отстранувате продуктите од листата за попуст

ВАЖНО
Вашиот онлајн шоп на 24mall.mk можете самостојно целосно да го менаџирате, што подразбира и уредување на вашите продукти и услуги. Но, ако поради било која причина не можете, тогаш можеме и ние да ја преземеме грижата за поставувањето на вашите продукти и услуги и нивна промоција на социјалните медиуми.Цената зависи од бројот на продуктите во вашиот онлајн шоп.
10 продукти- 500 денари месечно
15 продукти- 700 денари месечно
20 продукти- 1000 денари месечно
30 продукти- 1500 денари месечно
40 продукти- 2000 денари месечно
50 и повеќе продукти- 2500 денари месечно