Македонија Сообраќај


Да патуваме заедно!

Како претпријатие за услуги во патниот сообраќај, постоиме од 1974 година. Од 1995 година постоиме како акционерско друштво и успешно опстојуваме на македонскиот пазар. Нашата основна дејност е превоз на патници на редовните меѓународни линии како и услуги во туризмот, а за квалитетот на нашите услуги говори бројката од околу 1600 превезени патници месечно. Располагаме со возен парк од 7 автобуси за висок туризам, еден минибус и две патнички комбиња кои се со просечна старост од 4 години. Нашата туристичка агенција е специјализирана за превоз на организирани групи, индивидуални аранжмани и организирање на специфични патувања во соработка со крајните корисници. Слободно контактирајте со нас за комплетна организација на Вашите еднодневни или повеќедневни екскурзии, како во Македонија, така и надвор од неа, со што ќе добиете безбедност и задоволство при Вашите патувања.
Како претпријатие за услуги во патниот сообраќај, постоиме од 1974 година. Од 19... Повеќе

Контакт

  • Тел: + 389(0)2 32 92 155
  • Е-маил: travel@maksoob.com.mk
  • Веб страна: http://www.ms.mk/
  • Адреса: Градски ѕид бр. 13 Скопје,
  • Град: Скопје