За купувачите
- Корисник на услугите на Купи во ЕУ може да биде секое деловно способно физичко лице и секое правно лице.
- Со регистрацијата на 24mall.mk се стекнувате со можности да купувате производи онлајн во било кое време;
- Да користите поволности, попусти, да бидете навремено информирани за најновите продукти и услуги како и за сите други наши активности.
Секој корисник се обврзува;
- Да создаде само една корисничка сметка и да внесува свои точни податоци.
- Може да внесува податоци за друго лице, ако за тоа има дозвола и е овластен.
- Со прифаќањето на Услови за користење на услугите секој корисник изјавува дека се сложува со нив.
- Секој корисник кој ќе се регистрира има пристап до сите содржини и може да биде корисник на сите услуги;
- Секој корисник е одговорен лично за точноста за податоците кои ги внесува при креирањето корисничка сметка;
- 24mall.mkго задржува правото да Ве контактира по телефон за потврда за нарачката која сте ја направиле, и да Ве контактира доколку има потреба од дополнителни информации во врска со Вашата нарачка.
- Со секоја успешно извршена нарачка и плаќање на на вашата електронска адреса со која сте регистрирани, ќе добиете фактура во пдф формат а која има иста валидност како фактурата во хартиена форма, ако сакате да ја добиете тогаш при купувањето наведете и фактурата ќе ви биде доставена заедно со производот.
- Производите кои се изложени за продажба се опишани според нивната официјална декларација зад која стои производителот а ние се грижиме производот како што е опишан да го добиете во таква форма и квалитет.
- Во случај декларацијата која е поставена на 24mallне одговара на описот на производот кој сте го порачале и сте платиле за истиот, имате право да го вратите неоштетен и неупотребен.
- Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации ако содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица.
- Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. Купи во ЕУ го задржува правото да ги отстрани тие пораки.
<< Назад