Најдоброто решение за вашиот вид!

Eвропска Очна Болница е прва специјализирана офтамолошка болница во Македонија која е основана и функционира од 7ми Април 2011 година. Воведена е европска процедура за дијагностика и операции со супериорна технологија и искусен тим. Лекарската екипа е составена од еминентни офталмолози-специјалисти кои перманентно ги пратат и применуваат најсовремените трендови и воедно се постигнува високо квалификуван третман со извореден резултат обезбедувајќи квалитет, брзина и високостручно лекување.
Eвропска Очна Болница е прва специјализирана офтамолошка болница во Македонија к... Повеќе

Контакт

  • Тел: +(389 ) 220 50 999
  • Е-маил: info@eeh.mk
  • Веб страна: http://eeh.mk/
  • Адреса: ул.„Сремски фронт“ бр.1
  • Град: Скопје
Product Big image

Ласерска корекција на вид


Ласерска корекција на рефрактивни аномалии- далекувидост , картковидост , астигматизам.

Во денешно време постојат неколку современи пристапи кон корекцијата на диоптријата на окото. Во Европската очна болница  се извршува ласерска корекција за подобрување на видот и тоа LASIK  (laser-in-situ-keratomileusis),  PRK (photorefractive keratectomy),  радијална кератотомија кај висок астигматизам .

Кој може да направи ласерска корекција на диоптријата?

За да се направи ласерска интервенција потребно е да бидат исполенти неколку важни услови:

- Лицето мора да биде на возраст над 18 год.

- Окото треба да биде здраво, да нема други придружни заболувања

- Диоптријата треба да биде стабилна (да не се менува во тек на последните 12 месеци)

Што е потребно за да се направи ласерска корекција на диоптријата?

Потребен е детален офталмолошки преглед. Откако ќе се закаже терминот за интервенција, се препорачува да се планираат неколку дена  одмор. Самата интервенција се прави на двете очи одеднаш, трае околу 15 минути, но потребно е време за предоперативна припрема и пост-оперативни процедури. Интервенцијата се изведува во операциона сала, во стерилни услови, со локална анестезија, со капки, така што во текот на интервенцијата не се чувствува болка.

Кои се придобивките од ласерската корекција на диоптријата?

Ласерската корекција на видот ја намалува или комплетно ја елиминира потребата од носење на очила или контактни леќи, а со тоа и трошоците поврзани со купување на рамки за очила, стакла, нови контактни леќи и средства за нивно одржување. За некои луѓе носењето на очила или леќи е непријатно, непожелно, особено доколку се занимаваат со одреден спорт. За одредени професии дури носењето на очни помагала не е дозволено (професионални возачи, спортисти и др.), во кој случај ласерската корекција на диоптријата е единствена алтернатива. Некои пациенти едноставно сакаат да можат јасно да го видат часовникот кога ќе се разбудат!

Дали интервенцијата е безбедна?

Податоците од исцрпни клинички студии спроведени во изминатите 20 години покажуваат дека после интервенцијата кај сите пациенти има значително подобрување на видот без корекција (очила или леќи), односно 95% од пациентите биле задовни од исходот после интервенцијата.

Секако, како и при сите други медицински интервенции, одредени ризици постојат, како на пример ризик од инфекција, дестабилизација на корнеата, создавање на хало околу светли објекти при гледање, појава на сувост на очите. Со развојот на ласерската технологија и методите на работа, во денешно време овие компликации се сведени на помалку од 1% ,а и полесно се третираат.

Покрај технологијата, од еднаква важност за добар исход од интервенцијата е и искуството на хирургот.

Нема коментари

Нема видео